Во сите градови во Македонија од почетокот на април граѓаните ќе можат, во рамки на едношалтерскиот систем, да ги пријават загубените документи само во управните служби на МВР, по што во соодветна постапка ќе можат да добијат нови документи.
Се работи за заеднички проект на МВР и на „Службен весник“ на Република Македонија, кој ќе ги поедностави процедурите за објавување на неважечките документи – лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна возачка дозвола.
Како што нагласи министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, целта е да се упрости постапката за граѓаните кои од кои било потреби треба да објават документ за неважечки и да извададат нов документ, посебно за оние од другите градови во Македонија, каде што „Службен весник“ нема подрачни единици или канцеларии.
– Гледано низ статистика, граѓаните најчесто ги губат личните карти, потоа возачките дозволи, патните исправи, сообраќајните дозволи. Бројот на вкупно загубени документи од сите типови во текот на една година се движи околу 30 илјади – изјави Јанкулоска, која денеска заедно со директорот на „Службен весник“, Тони Трајанов, ги посети управните служби на МВР во Скопје.
Според Трајанов, со овој проект граѓанинот ќе може во еден ден да изврши објава на неважечкиот документ и да почнат постапка за издавање нов документ. Најави дека со проектот ќе продолжи да се применува и во Фондот за здравство, а ќе се соработува и со Министерството за образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи