| четврток, 6 декември 2018 |

ДЛУМ ќе доделува награда од публиката „Никола Иванов-Балтон“

102276071 Друштвото на ликовни уметници на Македонија од оваа година ја доделува наградата од публика на ревијалната „Годишна изложба“ која ќе го носи името на истакнатиот македонски академски сликар „Никола Иванов-Балтон“

102276071

За ова признание ќе одлучи публиката, колегите и љубителите на уметноста преку гласање на интернет адресата на ДЛУМ, неговата фејсбук страна и во канцеларијата на Дрштвото.

Гласањето ќе трае еден месец, до завршувањето на поставката на „Годишна изложба“ кога и ќе биде објавена наградата.

Балтон 30 години беше синоним на ДЛУМ. Роден е во Штип во 1948 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Петар Мазев. Живеел и творел во Скопје. Почина на 31 декември 2012 во Дојран. Смртта го затекна како генерален секретар на ДЛУМ.

Доминантно место во неговиот севкупен творечки опус има сликарството, но еднакво се интересирал и за ликовните медиуми – витраж и мозаик, создавајќи многубројни дела во овие две техники. Освен бројните самостојни изложби со кои се претставил дома и во странство, Балтон учествувал и на повеќе групни изложби, во Белград, Скопје, Подгорица, Дензли, Париз, Вилмингтон, Њујорк, Детроит,… Добитник е на неколку награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top