Двајца браќа од скопско Сарај се повредени по вчерашната тепачка со други двајца жители од селото.
Како што информираа од полицијата, тепачката се случила во автопералница, вчера околу 14 часот. Додека браќата К.А.(23) и неговиот О.А.(19) седеле во пералницата, таму дошле Ш.И.(22) и Н.А.(23), инаку познаници на браќата. Тука дошло до вербална расправија по што Ш.И. извадил пиштол и со него го удрил К.А., а вториот насилник Н.А. извадил нож и го прободел помладиот брат О.А. кој потоа веднаш бил префрлен во болница. По ова напаѓачите избегале, а полицијата трага по нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


