Tројца полициски инспектори од Крвни деликти биле уапсени во синоќешната акција во Чаир. Меѓу уапсените се наоѓа и началникот, а сите тројца се сомничат за примање поткуп.
Имено, лицата барале поткуп од внукот на Ибраим Исмаили, кој беше изрешетен во својот автомобил „мерцедес“ во Ченто.
За време на вршење на увидот, внукот го зел пиштолот од автомобилот на неговиот вујко за да не го земе полицијата.
Тој бил запрен на самото место од страна на полициските екипи што го вршеле увидот, по што осомничените полицајци напишале соодветна пријава.
Уценувајќи го за да не му поднесат кривична пријава, од него барале пари. Уценуваниот внук случајот го пријавил во полиција, по што инспекторите од Крвни деликти се фатени со обележани пари.
Повеќе детали МВР најавува за подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.