
Вкупно 185 пензионери од Тиквешко добија право на користење бањско-климатска рекреација на сметка на државата. Од нив 122 пензионери се од Кавадарци и од Росоман, а 63 од Неготино и од Демир Капија.
Ова денеска го соопштија раководителките на подрачните единици на Фондот за пензиско осигурување во Кавадарци и во Неготино, Весна Ѓорѓиева и Драгица Миланова.
– Нашите пензионери ќе одат на бањско-климатска рекреација во бањата „Банско“. Во десет смени почнувајќи од овој месец, па сѐ до крајот на мај. Последната смена почнува на 28 мај – информираа Ѓорѓиева и Миланова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)


