| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец сексуално малтретирал девојче

pedofil

МВР поднесе кривична пријава за К.И.(34) од с. Врапчиште, Гостиварско поради основи на сомнение дека сторил две кривични дела, противправно лишување од слобода и прикажување порнографски материјали на дете. Имено, во вторникот вечерта 34-годишниот маж од гостиварското село Врапчиште заклучил 14-годишна малолетничка во своето интернет-кафе во селото и ѝ пуштал порнографски материјали на компјутер. Девојчето се исплашило и се обидела да избега, но осомничениот почнал да ја влече за коса и да ја удира со тупаници по телото и по главата. На осомничениот му се одредени осум дена притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top