Четворицата кандидати за претседател на Македонија не соработувале со безбедносните служби. Тие го минале лустрацискиот филтер, соопштија од Комисијата за лустрација. Комисијата го задолжила секретаријатот да ги направи сите подготовки околу лустрирањето на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори.
Комисијата за лустрација добила известување од Управниот суд дека е поништено решението за Слободан Катушевски, кој е лустриран како наредбодавач. Досието на Катушевски повторно ќе го разгледува на некоја од наредните седници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.