| четврток, 6 декември 2018 |

Лустриран пратеникот Богдановски и обвинителите Павлески и Трпеновски

Комисијата за верификација на фактите објави нови четири нови имиња кои, според одлуката на членовите на лустраторската комисија соработувале со тајните служби.

лустрација слика

Според оваа одлука, адвокатот Стеван Павлески, поранешен републички потсекретар на СДБ при МВР и републички јавен обвинител бил наредбодател и издавал наредби за следење лица од политичко-идеолошки побуди.

Истото го правел и Јован Трпеновски, поранешен секретар за внатрешни работи на Владата на Република Македонија и основен јавен обвинител во Охрид. Трпеновски беше и член на Антикорупциската комисија во првиот состав.

Соработник на тајните служби бил и Игњат Богдановски, поранешен пратеник на СДСМ и директор на Стоматолошките клиники во Скопје.

Лустраторите соопштуваат дека и професорот од Битола, Трајко Огненовски имал свесна и континуирана соработка со тајната полиција под псевдонимот „Мисирков“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top