| четврток, 6 декември 2018 |

Сателитски снимки откриваат делови од исчезнатиот авион (фото)

Во западна Австралија се најдени досега најконкретни траги од исчезнатиот малезиски авион. ЕПА објави фотографии од сателитските снимки на кои се гледаат две парчиња од објекти, за кои се верува дека се делови од исчезнатиот авион по кој се трага веќе дванаесет денови. Тие се пронајдени на околу 2.260 километри од крајбрежјето на Перт. Еден од двата објекти бил со должина од 24 метри, а другиот помал.

„Ова е трага, веројатно најдобра досега од потрагата по авионот“, изјави претставникот на австралиската поморска власт Џон Јанг, но предупреди дека воочените предмети би можеле да бидат контејнери паднати во море од товарните бродови и дека сепак би требало да се почекаат резултатите од истрагата.

Australia investigates possible debris from missing plane

Тој, исто така, истакна дека видливоста во тоа подрачје е исклучително лоша, дека маглата е голема, но и покрај тоа сателитот направил снимки од нешто за што се верува дека би можеле да бидат делови од авионот.

Малезискиот авион исчезна на 8 март, во моментот кога леташе кон Пекинг, со 239 патници и членовите на екипажот. Во еден момент авионот се изгубил од радарот и оттогаш му се губи секаква трага. Веднаш е организирана најголема можна потрага, во која се вклучени над 20 држави.

Меѓутоа, досега не е пронајдено ниту едно делче од авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top