| четврток, 6 декември 2018 |

Како почнал Шариќ да краде?

darko saric

Србинот Дарко Шариќ, најбараниот наркобос на Балканот, криминалната кариера ја почнал со крадење чајна и суџук. Тој пред 23 години во продавница на „Пољопромет“ со својот партнер Д.П. украл 11 килограми чајна и суџук, 7 килограми сланина, 2,6 килограми суви ребра, 3,10 килограми салама, 9,5 килограми печурки, два комплета сервиси за кафе, четири пара чорапи, 12 пакувања еурокрем од 250 грама, девет  еурокреми од 150 грама, 10 ќесички зачин  Ц од 500 грама  и други прехранбени производи и околу 500 динари, се наведува во пресудата од јули 1992 година, која била против Дарко Шариќ, објавува српски „Курир“.

Тој бил осуден и за недозволено држење оружје, нанесување тешки повреди, но никогаш за шверц со цигари, со што се занимавал во времето на санкциите, во деведесеттите години од минатиот век,  тврдат во Плевља. Подоцна отворил и фришоп, но тогаш веќе бил име.
Во светот на криминалот на голема врата влегол со спектакуларниот грабеж во куќата на кројачот Драган К. 11 септември 1993 година, од каде што украл 72.000 тогашни марки и повеќе од еден килограм златен накит.

Во 1993 година Шариќ бил осуден за продажба на поголемо количество оружје во вредност од 3.000 марки. Минималната казна од една година затвор била игнорирана и тој е осуден на три месеци затвор. Тогаш веќе станува јасно дека тој е „државен човек“, пишува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top