Менаџерот на Манчестер јунајтед, Дејвид Мојес, изјави дека Робин ван Перси не е сериозно повреден во победата на неговиот тим против Олимпијакос.
Холанѓанецот во првото полувреме ја надополни разликата од Атина, а со неговиот трет гол го однесе Јунајтед во четврт-финалето од Лигата на шампиони.
– Не изгледа толку лошо, едноставно доби незгоден удар. Робин беше фантастичен, нема многу играчи кои можат да се пофалат со хет-трик во Лигата на шампиони, а неговиот беше спектакуларен – изјави Мојес.
Манчестер следниот противник ќе го добие в петок кога е и закажано извлекувањето во Нион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


