| четврток, 6 декември 2018 |

Отсуството на Леброн пораз за Мајами, овации во Њујорк

Кошаркарите на Бостон добија дополнителен мотив кога разбраа дека пред наптреварот против Мајами гостинската најголема ѕвезда Леброн Џејмс нема да игра поради болки во грбот. Натпреварот заврши 101-96 за Бостон. Клучен играч за домаќините беше Ражон Рондо кој му недостигаше само еден поен за трипл-дабл ефект. Тој беше стрелец на девет поени, 10 скокови и дури 15 асистенции. Кај Мајами по повредата се врати Двејн Вејд и постигна 17 поени што не беше доволно за победа.

Лидерот во источната конференција Индијана не можеше ништо да направи на гостувањето во Њујорк бидејќи домаќините беа решени со победа да го пречекаат враќањето на Фил Џексон во Медисон сквер гарден. Тој ја презема претседателската функција во клубот и со него симпатизерите очекуваат враќање на старите патеки на клубот. Кармело Ентони беше најзаслужен за топлото добредојде на Џексон со 34 поени и победата над Индијана од 92-86.
Со оваа победа Њујорк остана во трката за осмото место на источната конференција кое води во плејофот.

Резултати:
Далас – Минесота 122-123(пр), Денвер – Детроит 118-109, Феникс – Орландо 109-93, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 109-125, Бостон – Мајами 101-96, Њујорк – Индијана 92-86, Филаделфија – Чикаго 94-102, Мемфис – Јута 96-86, Њу Орлеанс – Торонто 100-107, Бруклин – Шарлот 104-99.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top