Тренерот на Јувентус, Антонио Конте, тврди дека неговата екипа не чувствува никаков притисок да мора да ја освои Лигата на Европа и истакна дека неговиот тим припаѓа во европската елита.
Јувентус по испаѓањето од Лигата на шампиони стигна до осминафиналето во Лига на Европа, а утре во Фиренца ќе се обиде да се пласира меѓу најдобрите осум екипи.
– Не чуствувам никаков притисок за Јувентус да мора да ја освои Лига на Европа бидејќи мојот тим не припаѓа во таков тип натпреварување. Отсекогаш говоревме дека Јувентус мора да биде дел од Лигата на шампиони. Искрено, многу ни е жал бидејќи нѐ делеа само 10 минути од пласман во осминафиналето. Сепак, тоа не значи дека нема да дадеме сѐ од себе во Лигата на Европа. Ќе одиграме како што знаеме и ќе се обидеме да се пласираме во следната рунда – вели Конте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


