| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК прифати 524 пријави за гласање на македонски државјани во странство

Rilkovski Drzavna izborna komisija DIK 09 (5) (Custom)
Државната изборна комисија на попладневната седница прифати 524 пријави за гласање на македонски државјани во странство за предвремените парламентарни избори.

Девет се одбиени, дел поради некомплетна документација, дел поради тоа што ги нема во Избирачкиот список.

Од списокот ќе се избришат и 153 лица поради тоа што се починати. Како што наведуваат од ДИК, од таа бројка 25 се починати лица од Кисела Вода, 47 починати од Центар, 45 починати лица во Чаир и 36 починати лица во Карпош.

Комисијата се очекува утре да расправа околу поднесените приговори за Избирачкиот список.

ДУИ бара од ДИК да се проверат адресите на живеење на 453 гласачи.

Опозицискиот СДСМ, пак, бара проверка на податоците на 20.600 избирачи од 22 општини запишани во Избирачкиот список

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top