| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкуловска: Сите прашања за Избирачкиот список треба да се упатат до ДИК

Gordana-Jankulovska-740x320-top

Сите прашања поврзани со Избирачкиот список треба да се упатат до претседателот на Државната изборна комисија бидејќи согласно Изборниот законик таа е единствената надлежна институција која може да каже кој ќе биде, а кој не на Избирачкиот список, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулокска одговарајќи на новинарското прашање во врска со изјавата на Абдулаќим Адеми за лицата кои лани биле впишани впишани да гласаат во општините Центар и Кичево, а сега се пријавени во Тирана.

– Прашањата што се однесуваат на стручното и професионално работење на институциите треба да се упатуваат на вистинската адреса. МВР во доменот на своите законски надлежности максимално професионално ги врши сите активности кои од нас ги бара законот. Како ќе изгледа Избирачкиот список, дали некој ќе биде избришан или додаден врз основа на приговори од овластените поднесители на приговори, јас не би можела да одговорам затоа што не сум член на ДИК, изјави Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top