Триесет и седумгодишниот Коста Ќука од Битола, кој има Даунов синдром и е еден од 300 луѓе кои влегоа во програмата на Владата за вработување. Тој се уште не знае каде ќе биде вработен. Како голем љубител на театарот и театарските претстави многу би го радувало кога на некој начин би бил вработен во такви институции.
Тој е многу позитивен и од него може многу да се научи за животот. Да се биде покрај него е едноставно привилегија.
„Ох, ох, што ми е убаво, ништо не ми е“ – е мотото на Коста во животот.
– Луѓето не треба да бидат нервозни, стресни и затворени, треба да се весели и среќни. Секој дома треба да си има едно долапче, да го отвори и пред излегување од дома тука да си ги остави проблемите – вели Коста.
Тој денот го поминува со слушање музика наутро, шетање, редовно оди во театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!
-
Нина Костовска стана првото лице со Даунов синдром во Македонија кое дипломираше
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром
-
Светски ден на Даунов синдром: 1.589 луѓе облекоа шарени чорапи во Зеница и го соборија светскиот рекорд (видео)