На официјалната прес-конференција семејствата на патниците кои исчезнаа со малезискиот авион ги нападнаа власите на Мелезија дека не прават доволно за да го најдат авионот.
– Вие нѐ предадовте, нѐ оставивте на цедило. Кажете ни ја вистината – вреска една жена.
Две жени поради врескањето и заканите кои ги упатуваа беа отстранети од прес конференцијата.
– Поминаа 12 дена, а јас сѐ уште не знам каде ми е синот – рече една од нив додека ја напушташе салата.
Бесни и гневни бидејќи немаат информации за своите најблиски, дел од нив најавија дека ќе стапат во штрајк со глад.
Истрагата е насочена во близина на Индискиот Океан, каде наводно бил регистриран Боингот 777.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)