Познатиот француски магазин „Франс фудбал“, традиционално како и секоја година, ги објававува листите на најплатените тренери и фудбалери во светот. На листите се сумите што ги заработуваат луѓето од светот на фудбалот од плати и од спонзорски договори. Тие се бруто добивки без платени даноци во земјите каде работат.
На листата на тренери се наоѓа и италјанскиот тренер Роберто ди Матео, кој е на високото осмо место со годишна заработка од 8,2 милиони евра, иако тој не работи како тренер во Челси уште од 2012 година со кого ја освои Лигата на шампионите. Договорот му беше раскинат од страна на клубот и за тоа богатиот сопственик на „сините“ од Лондон, Роман Абрамовиќ, ќе мора да го испочитува договорот кон Италијанецот и да му исплати 8,2 милиони евра до крајот на сезоната, кога и му истекува договорот.
На листата на тренери на првото место се наоѓа Жозе Мурињо со годишна бруто- заработувачка од 17 милиони евра. Втор е тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, со 15 милиони. На високото трето место е Италијанецот Роберто Манчини, кој го презеде тренерското место во Галатасарај. На листата од 10 најплатени тренери дури пет заземаат италијански стручњаци.
Кај фудбалерите, очекувано, на првите две места се наоѓаат двете најголеми ѕвезди Меси и Роналдо со приближна годишна заработка од околу 40 милиони евра. На трето место е Нејмар, додека по него следуваат Руни, Ибрахимовиќ, Фалкао, Агуеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.