Арјен Робен го продолжи договорот со актуелниот европски шампион Баерн до 2017 година, објавија од баварскиот гигант на официјалната клупска страница.
Робен имаше важечки договор со Баерн до идното лето, а одлучи да остане во Минхен дополнителни две сезони.
– Пресреќен сум со новиот договор и се надевам дека со Баерн ќе освојам уште многу трофеи – изјави холандскиот репрезентативец.
Со Баерн лани Робен направи суперрезултат и ги освои трите круни, Лигата на шампионите, домашниот шампионат и германскиот куп.
– Завршивме огромна работа со продолжување на договорот. Арјен е одличен фудбалер, а постојано го потврдува екстра-квалитетот со прекарсните игри во дресот на нашиот клуб – изјави легендата на Баерн, Карл Хајнц Румениге.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.