| четврток, 6 декември 2018 |

ИК на ВМРО- ДПМНЕ: Нема одложување на локалните и нема вонредни парламентарни избори

Извршниот комитет на владејачката ВМРО ДПМНЕ на вчерашната одржана седница ја разгледа актуелната политичка состојба во земјава и донесе заклучоци во врска со условувањата на опозицијата за одржување на предвремени парламентарни избори во Македонија, соопштија од партијата

VMRO-DPMNE-Sediste-1
– ВМРО ДПМНЕ категорично и јасно ги реафирмира своите принципиелни позиции да не прифаќа, во ниту една варијанта, условувања и ултиматуми за одржување на локалните избори закажани за 24 март 2013 година.  Извршниот Комитет повторно ја реафирмираше одлуката дека за ВМРО ДПМНЕ се целосно неприфатливи условувањата и поврзувањето на одржување на локалните избори со било каков договор за одржување на предвремени парламентарни избори или пак со било какво одложување на веќе закажаните локални избори- се вели во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.
Од партијата потенцираат дека немаат намера да дозволат со непринципиелни политики, со предизвикување на инциденти, пресметки и блокади да се реализираат политички условувања и уцени и да се диктираат политички настани базирани исклучиво на личните желби и интереси на еден човек, наместо базирани на интересите на државата и граѓаните.-Не постои ниту најмала, па дури ни теоретска можност ВМРО ДПМНЕ да прифати компромис во кој би се споменувала било каква варијанта на предвремени избори или одложување на веќе закажаните локални избори.  Доколку Бранко Црвенковски сака да ги одмери своите и силите на СДСМ со ВМРО ДПМНЕ уште еднаш го повикуваме да излезе на локалните избори закажани за 24 март 2013 година- велат од партијата.

Оттаму потсетуваат дека пред само неколку дена ВМРО ДПМНЕ понуди пакет на мерки со кои од партијата верувале дека опозицијата може да се врати со полн капацитет во институциите и политичките процеси во државата, бидејќи пакетот на мерки се однесуваше на сите грижи кои опозицијата ги истакнуваше во минатиот период.  Од ВМРО- ДПМНЕ, уште еднаш упатија апел до СДСМ да се откажат од уцени и условувања.-Ги повикуваме да престанат да прават штета на сопствената држава и да се вратат во институциите и политичките процеси- се вели во соопштението до јавноста на владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top