| четврток, 6 декември 2018 |

Бран самоубиства во францускиот „Оранж телеком“

orange-france-telecom

Од почетокот на оваа година во француската телеком компанија „Оранж“, која вработува околу 100.000 луѓе, околу десет вработени извршиле самоубиство.

– Ова е алармантен податок иако самоубиствата во оваа компанија не се реткост бидејќи во текот на минатата година, исто така, десет вработени извршиле самоубиство – соопшти Опсерваторијата за стрес – организација задолжена за набљудување на условите за работа.

Според организацијата, која ги следи работните услови и нивото на стрес, главните причини за самоубиства во „Оранж“ се врзуваат за работата, односно за условите на работа, стресот и стравот од губење на работното место.

Најмногу самоубиства се случиле меѓу 2008 и 2009, кога 35 вработени си го одзеле животот, по што шефот Дидие Ломбард заминал од раководната функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top