Вечерва ќе ги дознаеме последните два учесника во четврт-финалето од Лигата на шампиони. Олимпијакос доаѓа во Манчестер со голема предност од 2-0 од првиот натпревар кој се одигра во Атина. Јунајтед, покрај тоа што треба да брка разлика, се наоѓа и во многу лоша форма, а за тоа сведочи поразот од Ливерпул на „Олд трафорд“.
– Секој ден работам со овие фудбалери, знам колку се квалитетни, знам дека можат да одиграат многу подобро, дека ова не е вистинското лице на Манчестер јунајтед. Јас верувам во моите фудбалери, знам што можат да направат, дека ова не е максимумот. Точно дека не играме како што треба, но се надевам дека ќе одиграме совршено, без грешка на реваншниот дуел против Олимпијакос. Јас верувам дека ние ќе се радуваме на пласманот во следната рунда – изјави менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојес.
Сѐ уште актуелниот вицешампион на Европа, Борусија Дортмунд, на „Вестфален“ ја пречекува екипата на Зенит со два гола предност, кои ги стекна на стадионот „Петровски“ пред две недели, каде што славеше со 4-2.
– Нема да го нападнеме противникот, но нема да се браниме. Знам дека Зенит ќе има голема поддршка и во Германија, но сѐ е во нашите раце и нозе. Имаме убава предност, но истата не ни гарантира сигурен настап во следната рунда од Лигата на шампиони – изјави Клоп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.