| четврток, 6 декември 2018 |

Азар не верува во освојувањето на ЛШ

Играчот на Челси Еден Азар по реванш натпреварот од Лигата на шампионите во кој неговиот тим славеше победа со 2-0 и пласман во четвртфиналето, напоменува дека тимот од Лондон има мали шанси за повторување на успехот од пред две години кога Челси ја освои Лигата на шампионите.

Азар истакнува дека сите клубови кои до сега се пласирани во следната фаза се подобро одганзиирани клубови од Челси.

– Ние сме млад тим со доста млади играчи кои немаат искуство со натпревари во кои има голем притисок. Сепак ќе се потрудиме да стигеме што подалеку – изјави Азар.

– Би било супер да се паднеме со Пари Сен Жермен во четвтфиналето. Иако се работи за одличен тим, мислам дека нема за што да се плашиме од него – додаде белгиецот во редовите на Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top