Жозе Мурињо и Дидие Дрогба, синоќа беа на различни страни, ривали еден против друг на дуелот меѓу Челси и Галатасарај, но старите пријатели не се забораваат.
Дрогба имаше величенствен пречек на „Стемфорд Бриџ“, публиката со овации го поздрави поранешниот напаѓач на Челси, а овој не заборави кој му беше тренер во тимот од Лондон. Дојде пред да почне мечот и се поздрави со Мурињо. Синоќа еден од нив мораше да ги заврши настапите во Лигата на шампионите, а поуспешен беше португалскиот стратег.
Челси победи со 2-0 и со вкупен резултат од 3-1 се пласира во четвртфиналето од ЛШ, за разлика од Дрогба и Галатасарај кои се простија од настапите во елитното натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)