| четврток, 6 декември 2018 |

Екстрадиран Перков обвинет во „Шпион“

Spion-8-e1392710838956Во Македонија е екстрадиран  52 годишниот велешанец Борис Перков обвинетиот во „Шпион“, јави Пресс24. Утрово е екстрадиран од Прага во Македонија. Екстрадицијата се спроведувала преку аеродромот во Виена, а потоа Перков е префрлен во Истражниот затвор во Скопје. Тој е еден од двете лица за кои се бараше екстрадиција, за да бидат обезбедени за случајот кој против нив се води во Македонија. Екстрадиција чека и Зоран Божиновски кој е во притвор во Србија. Во случјот Шпион обвинети се 20 лица, осомничени за оддавање државни тајни, злосторничко здружување, закани и изнуди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top