| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Челси лесно против Галатасарај, Реал сигурен дома

Фудбалерите на Реал Мадрид и Челси изборија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони откако на домашен терен ги совладаа екипите на Шалке, односно Галатасарај.

По убедливата победа од 6-1 на првиот меч, Реал во реваншот на „Сантиаго Бернабеу“ славеше со 3-1. Роналдо го донесе водството, а Хугланд го изедначи резултатот на 1-1 и така заминаа на паузата. Во второто полувреме за две минути Реал постигна два гола за нов триумф. Стрелци беа Роналдо и Мората, за конечни 9-2.

Čelsi1-640x411

На вториот дуел, по ремито од 1-1 на првиот меч, Челси на „Стемфорд Бриџ“ славеше со 2-0 над Галатасарај. Ето уште во 4. минута го донесе тимот од Лондон во водство, додека конечниот резултат го постави Гери Кехил.

Челси сосема заслужено помина во четвртфиналето со вкупен резултат од 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top