| четврток, 6 декември 2018 |

Ремзи, Казорла и Зелалем остануваат во Арсенал

Арон Ремзи и Санти Казорла ги продолжија своите договори со англискиот премиер лигаш Арсенал, за кој првиот професионалн договор го потпиша и Гедион Зелалем.

Арон Ремзи со новиот договор како што откриваат англиските медиуми, ќе заработува неделна плата од 90.000 фунти.

Шпанецот Казорла, кој во Арсенал дојде од Малага летото 2012 година, а минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во клубот, го продолжи својот престој на „Емирати’’ до 2017 година за неделна плата од 80.000 финти.

Воедно, 17-годишниот Гедион Зелалем го потпиша и првиот професионален договор со „Топџиите’’. Инаку, младиот германски фудбалер дебитираше за првиот тим на Арсенал во дуелот од ФА Купот против Ковентри (4:0).

Тој е првиот фудбалер во Арсенал кој е роден и заиграл професионално за Арсенал откако тренерот Арсен Венгер дојде во Лондон 1996.

– Премногу сме задоволи што Санти Казорла и Арон Ремзи ја продолжуваат својата кариера во клубот. Тие, апсолутно се клучи играчи за нас, изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венргер, додавајќи дека Гедион иако е млад играч веќе го потврдил својот талент и квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top