| четврток, 6 декември 2018 |

Почина ранетиот украински војник на Крим

Украинскиот војник, кој денеска беше ранет при нападот врз воената база на периферијата на кримскиот главен град Симферопољ, почина од здобиените повреди, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Владислав Сележњов.

Тој наведе дека во нападот е повреден и еден капетан.

– Не е јасно кој го изведе нападот, истакна Сележњов, но напаѓачите ги опиша како „непознати војници со целосна опрема и прикриени лица“.

Претхпдно, украинските медиуми објавија дека руски сили ги нападнале укранските војници во базата во Симферопољ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top