| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет и пет работи кои треба да ги направите пред брак

Секоја жена пред стапувањето во брак треба да направи одредени работи.

1. Пред мажењето да живее сама барем една година.
2. Пред животот со сопругот да живее со друго лице – машко или женско.
3. Да го излекува срцето, бидејќи не смее да стапи во брак со скршено срце.
4. Да се почасти со летна краткотрајна авантура.
5. Да оди на патување со пријателките.
6. Да си купи брачен кревет и да ужива спиејќи сама на него.
7. Да ги среди своите финансии до најситни детали.
8. Да научи да го сака своето тело.
9. Да има секс со лице кое не го смета за „брачен материјал“.
10. Да избере сигурна контрацепција.
11. Да ги оптплати своите долгови.
12. Да си купи нешто многу скапо и помалку бескорисно.
13. Да се реши од духовите од своите поранешни љубовни врски.
14. Да отпатува на некое егзотично место.
15. Да стекне вистински пријатели и да ги негува пријателствата.
16. Да им прости на родителите што не биле совршени.
17. Да доживее барем една луда ноќ која никогаш нема да ја заборави.
18. Да има неколку лоши излегувања со мажи бидејќи секое искуство е добро искуство.
19. Да најде хоби кое ја забавува.
20. Да направи нешто за кое сонува, а се плаши од осуда на околината.
21. Да смени неколку работни места.
22. Да открие што сака да јаде и пие без влијание на другите.
23. Да стекне навика за редовно вежбање, бидејќи во брак тоа потешко ќе оди.
24. Да ја проучи машката психологија.
25. Да си купи скапи чевли или чанта кои со годините ќе станат симбол на лудата младост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top