Шилегов и понатаму не излегува со конкретен одговор: Како е возможно со минимална плата да се стекне со куќа на три ката од 313 м2, со два автомобили мерцедес и ауди, и стан во Кисела Вода од 88м2?, јавно праша денеска Даниела Рангелова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа потсети дека на фирмата Семос, Шилегов и помагал да добие вредни бизниси сопственички удел има сопругата на Бранко Црвенковки.
– Шилегов како прв човек на второстепената владина комисија за одлучување по жалби за јавни набавки фирмата на сопругата на Црвенковски добила 4 вредни бизниси. Скоро секогаш кога други фирми се жалеле за неправилности и констатирани нерегуларности во тендерската процедура и неправилности во изборот на најповолен понудувач, одлуката на Шилегов била таа која имала решавачко значење за да Семос го добие бизнисот. И скоро секогаш кога Семос се жалел за неправилности во процедурата, Шилегов таквите жалби ги прифаќал – објави Рангелова.
Таа додаде дека потписот на Петре Шилегов стои на уште едно решение со број 50-3041/3 со кое се отфрла жалбата на фирмата Ланком Компјутери во однос на тендерот за набавка на компјутерска опрема на Министерството за труд и социјална политика, а добиник на тендерот е повторно Семос Скопје.
– Повторно желбата на Ланком компјутери се одбива со едно единствено образложение, жалбата е неоснована – рече Рангелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“