Влијателниот лондонски весник „Економист“ предвидува победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори и заклучува дека ќе продoлжи успешната политика.
Во својата анализа за состојбите во Македонија, влијателниот британски весник „Економист“ објавува дека и по овие избори во Македонија нема да дојде до промена на политичката сцена. Во воведот на анализата се вели дека владеjачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ останува популарна и се очекува сигурно да остане на власт.
-Владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ останува релативно популарна и се очекува да остане на власт – пишува угледниот весник, кој заклучува дека ВМРО-ДПМНЕ е силен, а СДСМ слаб, а идната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ со една од албанските партии.
Во однос на другите прашања, „Економист“ коментира дека долгогодишниот спор за името и односите со Бугарија остануваат главни предуслови за земјата да стане дел од НАТО и ЕУ, додека меѓуетничките односи остануваат проблематични.
-По позитивниот раст во 2013 година ќе дојде до уште посилен раст во периодот од 2014 до 2018 година. Направените реформи треба да овозможат посилен раст на директни странски инвестиции – се вели во анализата на влијателниот британски весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)