Масовната тепачка која се случи вчеравечер во Скопје почнала околу 22 часот на плоштадот „Македонија“ пред Камен мост. Во неа учествувале повеќе лица, а 25-годишниот С.К. од с. Волково, Скопско, бил прободен со нож во пределот на ногата. Тој веднаш е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што му се констатирани телесни повреди.
По преземените мерки од страна на СВР Скопје, во ПС Центар се приведени М.А. (37), Н.А. (33) и Е.Ј. (31) сите од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.