| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка: 10 туристи од Турција се степале за скопјанка

Десет непознати лица, државјани на Република Турција, физички го нападнале Р.Џ.Ј. (25) исто така турски државјанин со привремено сместување во Скопје. Физичкиот напад бил извршен поради претходна расправија во врска со девојка.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен изутринава во 2.51 часот во Единицата за информации и команда Скопје, а нападот се случил на кејот „13-ти Ноември“.

Р.Џ.Ј. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top