| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Реал релаксирано, Галатасарај по чудо во Лондон

Денеска на програмата се уште две реваншни натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони. Реал ќе го пречека Шалке, а Челси ќе му биде домаќин на Галатасарај. Резултатот од првиот натпревар меѓу Челси и Галатасарај најавува возбудлив меч.

Реал Мадрид, пак, има голема предност и тука се очекува само потврда на пласманот. Карло Анчелоти најави дека против Шалке ќе настапи со комбиниран состав бидејќи резултатот му го дозволува тоа, а, исто така, ќе може да ги одмори играчите пред дербито со Барселона, кое се игра в недела.

Во Лондон се очекува да биде неизвесно бидејќи Галатасарај се покажа како многу незгодна екипа, а тоа го знае и самиот Мурињо.

Видовте што се случуваше во првиот меч, ние бевме подобри во првото, а тие во второто полувреме. Таков очекувам да биде и реваншот бидејќи секогаш е така кога ќе се сретнат две квалитетни екипи – изјави Мурињо.

Челси има мала предност. Не знам дали ќе биде доволно да постигнеме само еден гол, ќе видиме. Тие се многу добар тим, еден од најдобрите во Европа, но во фудбалот никогаш не се знае – вели Манчини.

Натпреварите во Мадрид и во Лондон ќе почнат во 20.45 часот. Претходно пласман во четвртфиналето изборија екипите на Барселона, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и на Пари Сен-Жермен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top