| четврток, 6 декември 2018 |

Се обеси девојката на Мик Џегер

Лорен Скот, девојката на пејачот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, е пронајдена мртва во Њујорк, соопшти агенција „Франс прес“.

Четириесет и седумгодишната Скот се обесила во сопствениот стан во Менхетн. Таа била во врска со Мик Џегер од 2001 година, а работела како модел и стилист-дизајнер.

Мик Џегер моментално е на турнеја во Австралија, но се очекува да ја прекине и да се врати во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top