Сончево и натпросечно топло време нѐ очекува овој вторник. Ветерот ќе биде слаб, од променлив правец во првиот дел од денот, а потоа ветерот ќе биде претежно јужен.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност во границите меѓу 18 и 23 Целзиусови степени во поголем дел од населените места. Само малку потопло, до максимални 25 степени, ќе биде во гевгелиско-дојранскиот регион, како и во Демир Капија.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб, променлив ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 5, а максималната околу 23 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.