Истрагата за исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ секојдневно добива нови интересни детали кои ја прават целата ситуација многу мистериозна и драматична.
Дел од американските медиуми пренесуваат информации од американските истражни органи дека авионот, најверојатно, одлетал до Индиски Океан, западно од Австралија. Сателитските податоци покажуваат два можни правци. Еден е тој што го наведуваат медиумите во САД, а вториот е северозападно кон Казахстан. Сепак, се чини дека помалку веројатен е вториот правец затоа што авионот во тој случај ќе мора да прелета преку воздушниот простор кој е контролиран од неколку држави. Експертите се согласуваат дека постои голема можност авионот никогаш да не биде најде ако тој отишол кон Јужен Индиски Океан затоа што тоа е едно од најзафрланите подрачја со најголема длабочина.
Шефот на „Малезија ерлајнс“, Џохари Јахја, изјави дека последните зборови упатени од авионот кон контролната кула биле спорни: „Во ред, добра ноќ“ рекол копилотот, а не пилотот. Освен тоа, Јахја додал дека не се знае точно кога е исклучен едниот систем за автоматско следење што е во спротивност со изјавата на малезискиот министер од викендов.
Сето тоа ги засилува сомнежите дека станува збор за киднапирање или саботажа, особено ако се земе предвид дека последната порака е испратена по исклучувањето на компјутерскиот систем за одржување АКАРС.
Во меѓувеме, медиумите во Малезија пишуваат дека исчезнатиот авион се спуштил на само 1.524 метри височина за да ги избегне радарите во три земји над кои летал. Маневрите биле карактеристички за воени авиони. Овие тврдења на истражителите им даваат веродостојност на претходните извештаи според кои сведоците тврделе за јака светлина и голема врева во времето кога авионот го променил правецот.
Во неделата се појави уште една теорија за исчезнувањето на авионот. Според оваа теорија, авионот бил киднапиран со помош на мобилен или на УСБ стик. Експертите за антитероризам веруваат дека брзината, висината и правецот на авионот можат да се променат со помош на радиосигнал испратен од мал далечински уред. Тие сметата дека такво нешто може да направат кибернетски терористи кои преку уредите за забава во авионот можеле да го заобиколат безбедносниот софтвер.
Дали е ова случај на киднапирање или несреќа сѐ уште не е познато и покрај тоа што во потрагата учествуваат 25 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
На аеродром во Малезија запленети 18 рогови од носорози
-
Од следната сезона Малезија ќе ја нема во календарот на Формула 1