| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка во центарот на Скопје – едно лице на Ургентен, три лица приведени

Eдно лице заврши во Урегентен центар со повреди од нож, а тројца се приведени, по масовната тепачка која вечерва, околу 22 часот се случи во центарот на Скопје.

Тепачката најпрво започнала во Старата чаршија, а потоа продолжила од Камениот мост, сѐ до булеварот ВМРО во центарот на Скопје.

Засега нема информации за причините на тепачката во која учествувале две поголеми групи.

Очевидци за Прес24 велат дека повредениот почнал да бега по булеварот, а една група луѓе го бркала со автомобил. Во тој момент пристигнала полицијата која веднаш интервенирала ,но групата напаѓачи почнале да бегаат со автомобилот, по што следела кратка бркотница по скопските улици. Полициските автомобили возеле со вклучени ротациски светла во спротивната насока.

Од МВР и официјално го потврдуваат инцидентот и потврдуваат дека има тројца приведени, а повеќе детали ќе се знаат веќе утре. Нема информации за тоа каква е состојбата на приведениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top