| четврток, 6 декември 2018 |

Спортски потег на денот – фудбалерите на Работнички во посета кај колегата од Вардар (ФОТО)

Фудбалерите на Работнички го посетија повредениот Илчо Наумовски од фк Вардар кој се здоби со скршеница на зглобот на левата нога во градското дерби.

Наумовски незгодно се повреди на почетокот на натпреварот помеѓу Работнички и Вардар пред точно два дена, а поради скршеницата на ногата ќе отсуствува од клубот најмалку 3 месеци.

– Лути ривали на теренот, големи пријатели надвор од него. Со лесно нека е Илчо – му порачаа од Работнички.

Погледнете ја галеријата на Република од натпреварот тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top