Билетите за неделниот меќ од лигата на шампиони помеѓу Металург и Колдинг се распродадени. Нема слободно место во салата „Борис Трајковски“. РК Металург објави дека картите се распродадени за рекордно време, за само 17 минути.
Огромниот интерес за средбата кулминираше денеска, со почетокот на продажбата на влезниците, кога секое продажно место беше буквално окупирано од нашите фанови. Повторно ќе имаме преполна сала, што е лош знак за гостите од Данска, кои ќе се соочат со 7000 фанатични навивачи – велат од Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.