Најдобрите македонски тенисери на најновата ранг-листа го постигнаа најдобриот ранг во кариерата.
Димитар Грабул со новите поени има вкупно 66 и се наоѓа на 512. место (скок од пет позиции). Томислав Јотовски има најголем напредок со скок од 23 места – 794. место со 23 поени, додека Шендрит Деари има седум поени и е на 1.131 место (напредок 11 места).
Во женска конкуренција Лина Ѓорческа е на 520. место на ВТА-листата со скок од седум места и 64 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.