| четврток, 6 декември 2018 |

„Сите во ист свет живееме“ – мото на годинешното одбележување на Светскиот ден на Даунов синдром

cds

„Сите во ист свет живееме“ е мотото на Центарот за Даунов синдром (ЦДС) за годинешното одбележување на 21 март, Светскиот ден на лица родени со Даунов синдром.

ЦДМ од Скопје организира повеќе акции кои почнуваат денеска со делење летоци, прошетка за поддршка на лицата со Даунов синдром, која ќе почне од Министерството за труд и социјална работа до скопскиот плоштад в четврток на 20 март, а следниот ден, во петок, во Кинотека на Македонија ќе се одржи филмски фестивал и фотографска изложба. Фотографиите кои ја сочинуваат изложбата се дела на професионланите фотографи Драган Гајиќ, Маја Агакијева, Лидија Најдовска и Маја Јаневска-Илиева.

Од утре, 18 март, па до 22 март секоја вечер пред почеток на претставите во Драмски театар во Скопје сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат повеќе за работата на Центарот за Даунов синдром, за амбициите и желбите на лицата родени со Даунов синдром, кои ќе делат брошури, ќе продаваат календари и ќе стекнуваат нови пријатели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top