Петре Шилегов поседувал трикатна куќа со вкупна површина од 313 квадратни метри, два луксузни автомобила, „мерцедес“ и „ауди“ и плус стан во Скопје на негово име со површина од 88 квадратни метри. Ако се пресмета пазарната вредност на овој имот, Шилегов има богатство во вредност од околу половина милион евра. Исто така, во медиумите излегоа информации дека Шилегов во време на владите на СДСМ ја извршувал функцијата претседател на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки. Тој дирекно одлучувал кој ќе добие бизнис и јавни набавки во тоа време, а кој не. Шилегов со свој потпис одлучувал јавни набавки да добиваат фирми коишто директно се поврзуваат со СДСМ и највисокото партиско раководство на СДСМ. Тој ги одбивал сите жалби на други реномирани фирми, а јавните набавки ги добивале фирми како СЕМОС, фирамата „Јавор шпед“ во која соопственик е бизнис партнерот на Заеви, веледрогеријата „Пановски“ и фирмата „Брилијант“ и други фирми блиски на СДСМ. Трето, во јавноста излегоа податоци дека Шилегов и неговата сопруга во нивната фирма имаат минимални примања, односно тој во јануари оваа година е пријавен на 22 929 денари, а неговата сопруга за истиот месец добила 10 900 денари плата. Ниту една од овие информации во јавноста Шилегов и СДСМ не ги демантираа – посочи денеска на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ.
Тие јавно запрашаа како е можно човек со толку мали примања да се стекне со богатство од преку половина милион евра?
– На семејство со толкави примања му се потребни над 83 години за да стекне толкав имот, без притоа да купува храна, облека, лекови, да намирува сметки или да има какви било трошоци какви што има секое друго семејство во Македонија. Тоа е невозможно! Го прашуваме господинот Шилегов како го стекнал овој имот? Кога успеа да заработи над половина милион евра за да поседува луксузна куќа, стан и автомобили? Дали овој имот Шилегов го стекнал во времето кога ја вршел функцијата Претседател на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки и кога им обезбедувал тендери на фирмите блиски до СДСМ? Тоа што Шилегов и СДСМ упорно молчат само ги потврдуваат сомнежите дека Петре Шилегов не го стекнал своето богатство со обична плата, туку го стекнал на друг начин. Зарем СДСМ вака ја замислува средната класа во Македонија која ја промовира во својата програма. Очигледно дека по урнекот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска и Петре Шилегов успеал да стекне имот на крајно сомнителен начин, без притоа да даде одговор како успеал да го заработи – посочи ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)