Цените на земјоделските производи во февруари годинава се згoлемиле за 9,2 отсто во однос на истиот месец лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Наголем раст има кај цените на растителното производство 12,3 отсто, додека кај добиточното производство се зголемиле само за 0,6 отсто.
Во исто време, трошоците за земјоделско производство се намалиле во феваруари, за 4,6 отсто во однос на трошоците во февруари 2013 година. Тековно потрошените средства во земјоделството се намалиле за 4,7 отсто, а средствата наменети за инвестиции, за 0,6 отсто, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



