Според жрепката што се одржа денеска во Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов, ќе биде прв на избирачкото ливче за претседателските избори. Втор ќе биде кандидатот на ДПА, Илијаз Халими, Стево Пендаровски од СДСМ ќе биде трет, додека кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски, ќе биде четврти.
ДИК утврдената единствена листа на кандидатите за избор на претседател на Република Македонија ќе ја објави во „Службен весник“ најдоцна до утре.
Денеска, исто така, завршува рокот политичките партии до ДИК да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци во избирачкиот список за претседателските избори. По ова барање ДИК треба да донесе решение во рок од три дена, а доколку партијата не е задоволна од него може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. По тужбата Управниот суд е должен да одлучи во рок 24 часа. ДИК го заклучува избирачкиот список за претседателските избори најдоцна до 22 март.
Изборната кампања за претседателските избори почнува на 24 март.
За вториот круг од изборите на 27 април, доколку не биде избран претседател на државата, се закажани и предвремени парламентарни избори.
Од вчера почна да тече 20-дневниот увид во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори во подрачните одделенија и месни канцеларии на ДИК. Истовремено тече рокот и за увид во избирачкиот список и за пријавување на дијаспората за гласање или за запишување, дополнување или бришење на податоците од ИС. И овој рок истекува на 30 март.
Собирањето потписи за предлагање листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, од група избирачи, исто така, почна вчера и ќе трае до 25 март. Потписи од група избирачи може да се собираат и пред овластено лице во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава.
Листите на кандидати за пратеници овластените претставници на предлагачите треба да ги достават до ДИК најдоцна до 29 март.
Кампањата за предвремените парламентарни избори почнува на 5 април. Молк ќе има на 12 и на 13 април, пред првиот круг од претседателските избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот