Јован Дамјановски и Веле Смилевски се кандидатите за избор на претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Дамјановски и Смилевски, според Статутот на ДПМ, со програми ги најавија своите кандидатури за кои членовите на македонската писателска асоцијација ќе решаваат на Изборното собрание кое е закажано за 5 април.

За функцијата претседател на Собранието на ДПМ своите кандидатури со програми ги најавија Гоце Ристовски и Раде Силјан.

Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, на 5 април највисокиот собир на македонските писатели ќе избира и претседателство на ДПМ, како и Собраниски одбор во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори кои се членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија


