Имено, банките од еврозоната наведоа дека овие барања се преголеми.
Извршниот директор на Европската банкарска федерација (ЕБФ), Гвидо Равоет, писмено ѝ се обрати на ЕЦБ барајќи од неа да го разгледа поедноставувањето на обрасците за процена на квалитетот на средствата, наведувајќи дека дел од бараните податоци е бескорисен, пренесува агенцијата „Блумберг“.
– Постои загриженост околу премногу деталните прашалници и рокови кои изгледаат неостварливо – изјави директорот на ЕБФ.
ЕЦБ почна сеопфатна контрола над најголемите банки во еврозоната, во пресрет на преземањето на надзорот над банките во монетарниот блок во ноември.
Контролата вклучува проверка на адекватноста на капиталот во банките. ЕЦБ наведе дека, во случај некои банки да не ги обезбедат бараните податоци, таа ќе изврши конзервативна процена на капиталот, која може да вклучува и барања да се зголемат резервите за заштита од лоши кредити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
ЕЦБ разгледува како трговската војна ќе се одрази на нивните планови
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени
-
НБРМ: Политичката криза и забавената економија ја намалија активноста во банките


