| четврток, 6 декември 2018 |

Говор за 62 пратеника

Ни­ко­ла Гру­ев­ски ги отфр­ли уце­ни­те од ДУИ и без мно­гу кал­ку­ла­ции од­го­во­ри де­ка ќе оди на пред­вре­ме­ни из­бо­ри. По шест го­ди­ни, отка­ко на из­бо­ри­те во 2008 го­ди­на освои 63 пра­те­ни­ци во Со­бра­ни­е­то, пре­ми­е­рот по­втор­но по­ви­ка и за ап­со­лут­но мно­зинс­тво во ид­ни­от пар­ла­мент. Тоа е по­треб­но за да се од­го­во­ри на де­стру­ктив­ни­те идеи и уце­ни од до­се­гаш­ни­от парт­нер во вла­ста. Тоа што за ВМРО-ДПМНЕ е јас­но пред­ви­де­на па­те­ка, за ДУИ е мож­ност за уце­ни за ме­ну­ва­ње на Уста­вот. Со тоа тој јас­но им ста­ви до зна­е­ње де­ка по­ли­тич­ка пла­тфор­ма со по­ве­ќе ме­ха­низ­ми на кон­сен­зу­ал­ност, ка­ква што ба­ра­ат од ДУИ, не мо­же да по­ми­не до­де­ка е тој на че­ло на Вла­да­та. Мно­зинс­тво­то во Со­бра­ни­е­то тре­ба да му овоз­мо­жи по­до­бра по­зи­ци­ја и за „за­тво­ра­ње“ на пра­ша­ње­то за име­то, а при­тоа да се во­ди сме­тка за за­чу­ву­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те и др­жав­ни ин­те­ре­си

Кон­вен­ци­ја­та на ВМРО-ДПМНЕ рас­чи­сти не­кол­ку ди­ле­ми. Пр­во, кој ќе би­де кан­ди­да­тот за пре­тсе­да­тел на, во мо­мен­тов, нај­моќ­на­та пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја; вто­ро, ка­ко ќе се од­го­во­ри на пре­диз­ви­ци­те по­ста­ве­ни од парт­не­рот во вла­ста; и тре­то, но не и по­мал­ку важ­но, ка­ков терк ќе се за­зе­ме по не­кол­ку­те по­ра­ки од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца во од­нос на на­мет­на­ти­от спор за име­то.

ВМРО-ДПМНЕ оста­ну­ва на пред­ви­де­на­та па­те­ка и во дејс­тву­ва­ње­то на до­маш­на­та по­ли­тич­ка сце­на, но и во од­нос на на­ци­о­нал­ни­те пра­ша­ња и на ме­ѓу­на­род­на­та по­зи­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Таа па­те­ка, таа дос­лед­ност на ВМРО-ДПМНЕ и на Ни­ко­ла Гру­ев­ски во пос­лед­на­ва де­це­ни­ја, им овоз­мо­жу­ва ко­мот­ност во вла­де­е­ње­то на др­жа­ва­та. Но, по не­кол­ку­не­дел­ни­те пре­диз­ви­ку­ва­ња од ДУИ, за­и­гра со отво­ре­ни кар­ти. Гру­ев­ски уце­на­та на ДУИ ја на­ре­че „фе­но­мен“, со што јас­но ста­ви до зна­е­ње де­ка не­ма да би­де во­ден од по­ја­ви ту­ку од си­стем­ски ре­ше­ни­ја во кои не­ма про­стор за уце­ни.

– Ги слу­ша­ме нив­ни­те из­ја­ви де­ка ќе ги бој­ко­ти­ра­ат пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри ако кан­ди­да­тот не бил кон­сен­зу­а­лен, де­ка ќе из­ле­зат од вла­да­та и ќе ба­ра­ат пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Ко­га во 2009 го­ди­на имав­ме 63 пра­те­ни­ци ка­ко пар­ти­ја и Ко­а­ли­ци­ја за по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја, не­ка­ко ни­што не им пре­че­ше, ни­ту кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат ба­раа, ни­ту на пред­вре­ме­ни из­бо­ри по­мис­лу­ваа. По­доц­на, отка­ко во 2011 го­ди­на до­бив­ме 56 пра­те­ни­ци, гле­да­ме ед­но раз­лич­но ли­це на на­ши­от ко­а­ли­ци­ски парт­нер. Ка­ко што за­бе­ле­жу­ва­те, еден-два ме­се­ца вни­ма­тел­но ги слу­шав­ме нив­ни­те из­ја­ви од­бег­ну­вај­ќи да вле­зе­ме во јав­ни рас­пра­вии, но по нив­на­та од­лу­ка за пред­вре­ме­ни из­бо­ри, со образ­ло­же­ние де­ка ни­ту еден од на­ши­те кан­ди­да­ти­те за пре­тсе­да­тел не го гле­да­ле ка­ко кон­сен­зу­а­лен, по кон­сул­та­ци­и­те со пар­ти­и­те од Ко­а­ли­ци­ја­та за по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја и по во­нред­на­та сед­ни­ца на Из­врш­ни­от ко­ми­тет, јав­но ќе од­го­во­рам – ВМРО-ДПМНЕ не под­лег­ну­ва на уце­ни и на за­ка­ни – ре­че Гру­ев­ски.

ДУИ прет­ход­но се за­ка­ни де­ка до­кол­ку ВМРО-ДПМНЕ не го при­фа­ти кон­цеп­тот на кон­сен­зу­ал­на по­ли­ти­ка, пар­ти­ја­та не­ма да истак­не кан­ди­дат, ту­ку ќе се бо­ри за по­ну­де­ни­от кон­цепт. Тие и не кри­јат де­ка нив­ни­от кон­цепт на кра­јот тре­ба да до­не­се зго­ле­ме­но вли­ја­ние на Ал­бан­ци­те во зем­ја­та и до­го­вор за но­ва по­ли­тич­ка пла­тфор­ма за со­ра­бо­тка­та ме­ѓу ма­ке­дон­ски­от и ал­бан­ски­от блок во ко­ја ќе има по­ве­ќе ме­ха­низ­ми на кон­сен­зу­ал­ност. За Гру­ев­ски со­ра­бо­тка­та не е спор­на, спор­на е пла­тфор­ма­та што не про­из­ле­гу­ва од по­ли­тич­ка­та ре­ал­ност и од Охрид­ски­от до­го­вор, кој е ве­ќе спро­ве­ден во Уста­вот на РМ.

– Јас­но е за­што ба­ра­ат кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат – за да не го до­би­јат и, ка­ко што отво­ре­но нај­а­ви­ја, да одат на обид за про­па­ѓа­ње на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, а по­тоа да на­пра­ват при­ти­сок за про­ме­на на Уста­вот со цел пар­ти­и­те, а не гра­ѓа­ни­те да го из­би­ра­ат пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та. Но, тоа не е крај­на­та цел. Крај­на­та цел е прет­по­ста­вка­та де­ка ако ВМРО не­ма 62 пра­те­ни­ци, по пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри да ус­ло­ват со ба­ра­ње еден од трој­ца­та- пре­ми­ер, пре­тсе­да­тел на Со­бра­ние, или пре­тсе­да­тел на др­жа­ва да би­де пред­ло­жен од ре­до­ви­те на ДУИ. Јас­на е стра­те­ги­ја­та. За­тоа овој на­чин на рас­у­ду­ва­ње, во кој пре­ку де­стру­ктив­ни по­те­зи се са­ка да се по­стиг­не опре­де­ле­на цел, тре­ба да би­де пре­срет­нат и тоа вед­наш и се­га од огром­но­то мно­зинс­тво што не се сог­ла­су­ва со оваа иде­ја. Ако не при­фа­ти­ме пред­вре­ме­ни из­бо­ри, то­гаш, по­ра­ди тра­ди­ци­о­нал­ни­от слаб од­ѕив на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри, по­сто­јат се­ри­оз­ни ри­зи­ци оваа опе­ра­ци­ја да ус­пее и зем­ја­та да вле­зе во дла­бо­ка по­ли­тич­ка кри­за – по­ра­ча Гру­ев­ски.

Акту­ел­но­то мно­зинс­тво во ал­бан­ски­от кам­пус во дел од образ­ло­же­ни­ја­та за сво­јот че­кор по­со­чу­ва­ше на зна­че­ње­то на пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та во ме­ѓу­на­род­на­та по­ли­ти­ка и во евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции, и де­ка во не­го ба­ра­ат „ка­та­ли­за­тор за ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то“. Ток­му ту­ка мо­же да се пре­поз­нае пос­лед­ни­от од ни­за­та про­ме­ни на ста­во­ви­те на ДУИ во кра­ток пер­и­од. Иа­ко нај­а­ву­ваа де­ка ќе ги по­ви­ка­ат Ал­бан­ци­те да не под­др­жат ни­ту еден кан­ди­дат за­тоа што „ни­ту еден од нив не­ма да ја прет­ста­ву­ва нив­на­та вол­ја“,по­ра­ки­те од се­га по­ра­неш­на­та пра­те­нич­ка на ДУИ Ер­ми­ра Мех­ме­ти не оста­ва­ат про­стор за дво­у­ме­ње. Taa иа­ко не ка­жа има ве­леј­ќи „не­кој од кан­ди­да­ти­те реф­ле­кти­ра до­за на кон­сен­зу­ал­ност“, фа­ктот де­ка по­ра­ка­та за еден од по­ну­де­ни­те пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­да­ти ги ис­пол­ну­ва нив­ни­те кри­те­ри­у­ми за кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат до­а­ѓа еден ден по Кон­гре­сот на СДСМ и офи­ци­јал­на­та кан­ди­да­ту­ра на Сте­во Пен­да­ров­ски, јас­но ука­жу­ва де­ка се ра­бо­ти ток­му за не­го. Ток­му на тоа ука­жа и Гру­ев­ски, де­ка опо­зи­ци­ја­та во па­ни­ка од мож­ни пред­вре­ме­ни из­бо­ри му по­ну­ди­ле на ДУИ пред­вре­мен до­го­вор во кој би­ле вклу­че­ни от­стап­ки.

На се­то ова прет­хо­деа го­во­ри­те на Али Ах­ме­ти за кој пра­ша­ње­то за име­то и за ин­те­гра­ци­и­те би­ле вр­вен при­о­ри­тет за пар­ти­ја­та, по­ра­ди што и го сме­ни­ле ста­вот за пред­вре­ме­ни из­бо­ри. Всуш­ност, ини­ци­ја­ти­ва­та за из­бо­ри дош­ла по, ка­ко што по­со­чи, дип­ло­мат­ска­та тур­не­ја ла­ни и су­ге­сти­и­те на, ка­ко што ве­ли, ме­ѓу­на­род­ни­те при­ја­те­ли. Ток­му за таа ма­те­ма­ти­ка на ДУИ, ка­ко на­ве­де­ни­те су­ге­стии од ме­ѓу­на­род­ни­те при­ја­те­ли, се од­не­су­ва по­ра­ка­та на Гру­ев­ски во ко­ја тој по­со­чи на важ­но­ста да се од­го­во­ри на фр­ле­на­та ра­ка­ви­ца и да се пре­срет­нат, ка­ко што ве­ли, де­стру­ктив­ни по­те­зи.
Ни­кој освен на­ро­дот не­ма ман­дат да од­лу­чу­ва за ре­ша­ва­ње на на­мет­на­ти­от спор од Гр­ци­ја, по­ра­ча Гру­ев­ски.

– Овој ма­не­вар на ДУИ, се чи­ни, има уште ед­на зад­ни­на за ко­ја го­во­рат прет­став­ни­ци на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца – де­ка пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри ќе отво­рат три­го­ди­шен пер­и­од без из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја, па тоа го гле­да­ле ка­ко шан­са вла­да­та на ВМРО да ги при­фа­ти ра­ди­кал­ни­те по­зи­ции на на­ци­о­на­ли­стич­ка­та вла­да во Гр­ци­ја. По­зи­ции што има­ат цел да го ури­ва­ат ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Во тој кон­текст са­кам да се про­из­не­сам и по ова пра­ша­ње. ВМРО-ДПМНЕ најм­но­гу од си­те са­ка ре­ше­ние на проб­ле­мот отво­рен од на­ши­от ју­жен со­сед. И ка­ко и во ми­на­то­то, ќе про­дол­жи да вло­жу­ва ма­кси­мал­ни на­по­ри во не­го­во­то раз­ре­шу­ва­ње. Тоа го са­ка­ме и по­ра­ди на­ши­от влез во НА­ТО и во ЕУ, но и за­тоа што не са­ка­ме да сме во ло­ши од­но­си ни­ту со Гр­ци­ја ни­ту со кој би­ло друг со­сед. Са­ка­ме нор­мал­ни и при­ја­тел­ски од­но­си со ви­со­ка до­за на до­вер­ба. Се­пак, за нас ова пра­ша­ње не е по­вр­за­но со из­бо­ри­те и тоа ко­га се одр­жу­ва­ат. Ние сме фо­ку­си­ра­ни на не­го­ва­та су­шти­на и на на­ши­те по­зи­ции, кои и пред и по из­бо­ри се исти. Ова не тре­ба да се сфа­ти де­ка нај­а­ву­ва­ме де­ка не­ма да се ре­ши ова пра­ша­ње или де­ка нај­а­ву­ва­ме де­ка си­гур­но ќе се ре­ши. Ние по ова пра­ша­ње, освен го­ле­ма вол­ја има­ме и јас­ни прин­ци­пи, кои мно­гу­па­ти до­се­га сме ги иска­жа­ле. Ко­неч­но, на­ро­дот е тој што, во крај­на ли­ни­ја, би до­нел од­лу­ка, ка­ква и да е, а не по­ли­ти­ча­ри, пар­тии или по­е­дин­ци. Ако Гр­ци­ја оста­не на овие ра­ди­кал­ни по­зи­ции, мо­же­ме се­ко­ја го­ди­на да пра­ви­ме пред­вре­ме­ни из­бо­ри, но тоа не­ма да по­мог­не ни­ту ќе влее не­ка­ква на­деж за ре­ше­ние. Но до­кол­ку от­та­му дој­де ре­ал­на вол­ја за ре­ше­ние пре­то­че­на во ко­рект­на по­ну­да за одрж­ли­во и до­сто­инс­тве­но ком­про­мис­но ре­ше­ние, то­гаш ре­ше­ние ќе има – ве­ли тој.

Ва­кви­те ста­во­ви не се но­ви ни­ту, пак, от­ста­пу­ва­ат од до­се­гаш­ни­те ста­во­ви на ВМРО-ДПМНЕ. Ни­ту, пак, не­кој се­ри­оз­но оче­ку­ва­ше от­ста­пу­ва­ње од нив. Та­ква­та дос­лед­ност со ко­ја се по­ста­ви­ја и но­ви стан­дар­ди на по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја, на ВМРО-ДПМНЕ ѝ га­ран­ти­ра ус­пех на из­бо­ри­те. Пар­ти­ја­та ја ужи­ва до­вер­ба­та на мно­зинс­тво­то за­ра­ди зре­ло­ста и од­го­вор­но­ста при до­не­су­ва­ње­то од­лу­ки, но и мо­ќта за обе­ди­ну­ва­ње­то, ка­ко што об­јас­ну­ва Гру­ев­ски „не са­мо ка­ко хи­е­рар­хи­ја, ред и дис­цип­ли­на, ту­ку ка­ко ка­па­ци­тет за за­ед­нич­ко ор­га­ни­зи­ра­но дејс­тву­ва­ње во пра­вец на пред­ви­де­на­та цел“. А таа цел, ка­ко што се наг­ла­си на кон­вен­ци­ја­та, на прет­стој­ни­те пред­вре­ме­ни из­бо­ри е 62 пра­те­нич­ки ме­ста во пар­ла­мен­тот и пре­срет­ну­ва­ње на де­стру­ктив­ни­те ини­ци­ја­ти­ви.

(Пишува: Наум Стоилковски | Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 79. број на неделникот „Република“, 7.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top