Сончево и натпросечно топло време нѐ очекува на почетокот на новата недела. Мала облачност се очекува наутро, но потоа и таа облачност ќе има тренд на намалување. Ветерот ќе биде слаб, од променлив правец.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе достигне вредност во границите меѓу 15 и 19 Целзиусови степени во поголем дел од населените места. Само малку потопло, до максимални 21 степен, ќе биде во гевгелиско-дојранскиот регион.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб, променлив ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 6, а максималната околу 19 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.