Исчезнатиот малезиски авион својот последен сателитски сигнал, можеби, го испратил од земја, велат малезиските власти.
Шефот на Агенцијта за цивилна пловидба на Малезија, Азхарудин Абдул Рахман, соопшти дека е можно последниот сигнал што го добиле сателитите да бил испратен додека авионот бил на тло, односно слетан.
Откако беше утврдено дека некои уреди на авионот биле рачно исклучени пред да исчезне леталото од радарите, малезиските власти почнаа истрага за сите патници кои се најдоа на тој лет. При претресот на станот на еден од пилотите на „боингот 777“, било утврдено дека тој бил политички активисти и противник на владејачката коалиција во Малезија. Властите, исто така, обрнале внимание и на психолошката состојба, семејниот живот и на познанствата на пилотите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
На аеродром во Малезија запленети 18 рогови од носорози
-
Од следната сезона Малезија ќе ја нема во календарот на Формула 1